Штрудлата од афион со лиснато тесто е идеална комбинација од крцкава кора и мек фил

Штрудлата од афион со лиснато тесто е многу едноставен десерт кој одлично оди со шолја кафе, чај или топло млеко.

Оваа штрудла е идеална комбинација од крцкава кора и мек фил.

Состојките што ќе ви бидат потребни се:

  • пакување лиснато тесто
  • 200 грама мелено семе од афион
  • 300 милилитри млеко
  • шест лажици шеќер
  • 30 грама маргарин или путер
  • една жолчка

Подготовка:

Прво згответе го афионот. Во тенџере ставете млеко, маргарин или путер и варете на тивок оган. Кога млекото ќе зоврие додадете го афионот и варете околу 10 минути. Потоа додадете шеќер и оставете да се вари уште пет минути.

Додека се готви смесата, подгответе го лиснатото тесто. Кога смесата ќе стане доволно густа, намачкајте ја на тестото и расукајте во виткање. Ставете ја штрудлата во тавче каде што претходно сте ставиле хартија за печење и премачкајте ја со жолчка. Се пече на 180 степени околу 30 минути.