„Шумахер може да стои на нозе“ Германија во шок: Објавено е срамно интервју со легендата на Формула 1 кое го шокира светот (ФОТО)

Германскиот весник „Die Aktuelle“ објави интервју со легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер кое крена голема прашина.

Новинарите на споменатиот весник со голема фотографија на насловната страна истакнаа дека успеале да направат интервју со легендарниот возач, но кога ќе го прочитате текстот, јасно е дека се работи за измама!

Со помош на вештачката интелигенција, овозможувајќи и’ да одговара на прашања наместо на еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, новинарите добија одговори на прашања од јавен интерес.

Иако е јасно дека интервјуто не е реално, одговорите станаа причина за дискусија и коментари, па вештачката интелигенција одговори дека Шумахер може да стои на нозе со помош на најблиските, но и дека без поддршка од неговата семејство, немаше да ги преживее овие тешки години.

Поради овие написи, споменатиот весник се најде на жесток јавен напад.