Ѓоковиќ влезе во „војна“ со публиката во Торино и се скара со главната судијка на натпреварот (Видео)

За време на синоќешниот натпревар против Јаник Синер, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се расправаше со публиката и со главната судијка Орели Турте.

Во првиот гем од третиот сет се кршеше резултатот бидејќи Синер имаше предност од 40:30. Сервираше кец, но Ѓоковиќ беше сигурен дека топката ја погоди мрежата и дека сервисот треба да се повтори.

Сепак, судијката остана на главната одлука дека нема ништо спорно и се правдаше дека „не може да ја исправи машината“.

Голем број навивачи во Торино му дадоа поддршка на сонародникот, па по неколку грешки Ѓоковиќ беше исклучен со свирежи.

Најдобриот светски тенисер не им остана должен и влезе во „војна“ со нив и побара уште погласна реакција.

На крајот Синер победи со 2:1 во сетови и му ја искомплицира ситуацијата на Ѓоковиќ во групата на завршниот Мастерс во Торино.

Новак треба да го победи Хуберт Хуркач во последното коло со резултат 2:0 за да се пласира понатаму, а во случај да загуби сет повеќе не зависи од себе бидејќи тогаш му е потребна победата на вчерашниот противник Јаник Синер против Холгер Руне.

Доколку Данецот го победи Италијанецот, српскиот тенисер ќе напредува само доколку победи без загубен сет. Секој друг исход значи елиминација на најдобриот играч во светот од Мастерсот во Торино.