Ѓоковиќ донесе одлука која никој не ја очекуваше: Што значи ова? Во сè е вклучен и Карлос Алкараз

Министерот во владата на Саудиска Арабија, Турки Абдул Мухсен Алалшик, најави дека на крајот на годината Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе учествуваат на тенискиот куп во оваа земја.

Саудијците ќе организираат турнир и во женска конкуренција, а повикани се Онс Жабер и Арина Сабаленка.

Турнирот во Ријад е предвиден да се одржи на 26 и 27 декември.

Овој термин е прилично необичен. Новак до крајот на сезоната ќе игра на Мастерсот во Париз и на завршниот турнир во Торино, а потоа го чека Дејвис купот. Јасно е дека нема да има многу време до турнирот во Ријад, а особено да не се подготвува за Австралија опен, кој традиционално се игра во јануари.

Новак и Карлос водат голема битка за првото место на АТП листата на крајот од годината. На новата АТП листа во понеделник Ѓоковиќ ќе има 11.045 бодови, а Алкараз 2.420 бодови помалку или 8.625.

Новак и Карлос до крајот на сезоната најверојатно ќе учествуваат на два турнири заедно, Мастерсот во Париз и завршниот турнир во Торино.

Мастерсот во Париз се игра од 30 октомври до 5 ноември и носи 1.000 бодови. Новак го брани финалето во Париз, каде беше поразен од Холгер Руне. Српскиот ас титулата ја брани и во Торино каде лани го совлада Каспер Руд.

Според тоа, Ѓоковиќ брани 2.100 поени, 600 од Франција и 1.500 од Италија.

Од друга страна, Алкараз брани само 180 поени од Париз. Иако брани далеку поголем број на поени, Новак Ѓоковиќ практично држи сè во свои раце.

Доколку на двата претстојни турнири го повтори резултатот од минатата година, тогаш ќе го задржи првото место до крајот на годината.

Eдинствено што може да ја наруши таа пресметка е можноста Карлос Алкараз да се пријави на уште еден турнир пред крајот на годината на кој би можел да освои дополнителни бодови, но засега не се пријавил на ниту еден.