Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 398-та недела на врвот на АТП-листата.
Со освојувањето на Мастерсот во Париз, Новак му побегна на Карлос Алкараз и сега има 1.490 бодови повеќе.
Ѓоковиќ е на „височина“ од 9.945 и за магичните 400 недели на врвот, односно годината да ја заврши на првото место, ќе му треба една победа на АТП финалниот турнир во Торино.
Доколку по некое чудо не постигне триумф во групната фаза, еден пораз за Карлос Алкараз исто така ќе обезбеди тој да остане на чело на караванот.
Трет во светот остана Данил Медведев со 7.200 поени, а го следат Јаник Синер со 5.490, Андреј Рубљев со 5.205 и Стефанос Циципас со 4.435.
Холгер Рун, кој не ја одбрани титулата во Берси, падна три позиции и сега е 10-ти играч на планетата со 3.460 поени.
За една позиција напредуваше Каспер Руд, кој е седми со 3.625, а во Топ 10 се и Саша Зверев со 3.585 и Тејлор Фриц со 3.500 поени.
Да потсетиме, Финалниот Мастерс е на програмата од 12 до 19 ноември.