Ѓоковиќ поради бизарна причина изгубил 4,5 милиони долари

На српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во 2023 година му беа скратени повеќе од 4,5 милиони долари, откако беше потврдено дека не го добил најголемиот бонус, бидејќи немал доволен број на настапи на турнирите од Мастерс серијата. 

Нему му беше забранет влез во САД затоа што не беше вакциниран и ги пропушти Мастерсите во Индијан Велс и Мајами. 

Српскиот тенисер освои речиси 16 милиони долари од турнирот, а ги предводеше тенисерите во историска сезона во која четворица играчи заработија повеќе од десет милиони долари. Покрај него, успеаја и Карлос Алкараз (16 милиони), Данил Медведев (11,5 милиони) и Јаник Синер (10,4 милиони).

Алкараз најмногу заработил од бонуси, повеќе од 4,4 милиони долари, Медведев освоил 2,3 милиони долари, а Синер 2,1 милиони долари. Ѓоковиќ не доби ниту еден. 

Нему му беше одбиена минималната заработка од 4,5 милиони долари бидејќи пропушти повеќе од три турнири. Покрај Индијан Велс и Мајами, поради повреда не играше ниту во Мадрид.