Ѓоковиќ ја пропушти 100-та титула во кариерата, чешки тинејџер триумфираше во директни сетови и го освои Мајами
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ остана без 100-та титула во кариерата, „благодарение“ на чешкиот тенисер Јакуб Меншик, кој победи во директни сетови во финалето на Мастерсот во Мајами.
Овој 19-годишен чешки тенисер поведе со 3:0 на стартот од првиот сет, по што Ѓоковиќ се врати и ја надополни брејк негативата, а потоа првиот сет го однесе во тај брејк каде Меншик поведе со 5:0 и лесно го приведе првиот сет до крај.
Вториот сет ни донесе порамномерна игра меѓу двата ривали со само две брејк топки, двете за чешкиот тинејџер во петтиот гем, што не го искористи, па и овој сет отиде во 13. гем.
Тај брејкот во вториот сет беше нешто порамномерен од првиот, но му припадна и на Меншик, кој на крајот ја освои титулата на Мастерсот и го спречи српскиот тенисер да дојде до својата голема годишнина.
Ова беше прва титула во кариерата за Меншик, а Чехот стана и првиот тенисер роден во 2005 година или помлад што го постигнал тоа.
Резултат :
Јакуб Меншик (Чешка) – Новак Ѓоковиќ (Србија) (4) 2:0 (7:6 (4), 7:6 (4))