Ѕвездата на Манчестер Јунајтед во голема неволја! Поранешната девојка го обвини за сериозно насилство: “Кога скокна врз мене, ме скрши…“

Еден од најскапо платените фудбалери во историјата на Манчестер Јунајтед, бразилскиот крилен напаѓач Антони се наоѓа во големи проблеми. Неговата поранешна партнерка Гариела Кавалин го обвини за семејно насилство, закани и нанесување телесни повреди.

Во интервју за бразилската телевизија Record, таа откри како прв пат доживеала малтретирање од фудбалери минатата година во Бразил.

Ме држеше за двете раце, ме фрли на креветот и падна врз мене. Поради ова ми се измести силиконската протеза, останав без здив и ми се чинеше дека ќе умрам“, изјавила Гариела Кавалин, велејќи дека резултатот од тој напад биле 40 конци во внатрешниот дел на градниот кош.

Таа исто така тврди дека Антони се заканувал дека нивниот нероден син ќе умре ако таа ја прекине нивната врска. Инаку, во јуни 2022 година, Гариела Кавалин на социјалните мрежи откри дека има спонтан абортус.

Гариела Кавалин исто така тврди дека Антони ја задржал во нивниот дом една вечер и не и дозволил да си оди.

Ми го скрши куферот, ми ја зеде чантата и пасошот. Ми го скрши мобилниот, не ме пушташе. Ме држеше во заробеништво од 22 часот до скоро 03:30 часот. Само сакав да заминам. Неговата мајка му се јавила на физиотерапевтот и побарала помош. Никој не можеше да го контролира“, изјавила таа.

Гариела Кавалин потврди и дека апликацијата ќе ја поднесе во Англија.

Ќе направам се што е потребно. Ќе одам во Англија да го пријавам за напад, затвор, психичко малтретирање, за се што ми направи…“, нагласува таа.

Антони засега одбива да ги коментира наводите на Гариела Кавалин, како и Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми сепак тврдат дека клубот одлучил да спроведе внатрешна истрага за целиот случај.

Бразилецот, инаку, на „Олд Трафорд“ пристигна пред една година од Ајакс во трансфер вреден 95 милиони евра. Само Пол Погба еднаш беше повеќе платен. Во првата сезона за Манчестер Јунајтед одигра 47 натпревари во сите натпреварувања со десет постигнати голови и пет асистенции.