„Ѕвездениот брод“ сè уште не лета кон ѕвездите: Откажано лансирање на најмоќниот ракетен мотор

Светски познатата американска компанија SpaceX за прв пат требаше да го тестира својот нов ракетен систем за вселенски патувања, но лансирањето беше откажано поради технички проблеми. 

Како што пишува Би-Би-Си, леталото „Starship“ е долго 120 метри и го има најголемиот и најмоќниот ракетен мотор во светот.

Пред неговото лансирање, SpaceX испрати соопштение дека подигнувањето сè уште се одложува и дека одбројувањето ќе продолжи само како „пробно“ од безбедносни причини.

Лансирањето на леталото не се случило, а како што пишуваат странските медиуми се уште не е познато кога ќе биде пуштено.