Јанша осуден на условна казна затвор поради навреда на новинарки

Врховниот суд на Словенија ја отфрли денес жалбата на адвокатот на претседателот на Словенечката демократска партија и поранешниот премиер на таа земја Јанез Јанша на пресудата на првостепениот суд кој го прогласи за виновен за навредување на новинарките Еугенија Царл и Мојца Шетинц Пашек и го осуди на условна казна затвор.

Врховниот суд по две години од изрекувањето на таа пресуда даде согласност на првобитната пресуда и му наложи плаќање на судската такса.

Јанша е прогласен за виновен за клевета, по твитот за новинарките на ТВ Словенија, Еугенија Царл и Мојца Шетинц Пашек.

Тој е осуден и на три месеци затвор условна, а мора да плати судска такса од 4 евра и трошоците за обвинителите.

Должен е да го плати и надоместот за трошоците за правниот застапник на новинарките.