Јапонската телевизија итно се огласи: Погледнете што се случи со китовите по катастрофалниот земјотрес во Русија

Четири китови беа исфрлени на брегот на Јапонија, по катастрофалниот земјотрес со интензитет од 8,8 степени по Рихтер, регистриран во близина на рускиот полуостров Камчатка .

На снимката се гледаат четири китови како исфрлаат на брегот во градот Татејама, префектурата Чиба.

Пренос во живо

Појавата на китовите беше емитувана во живо на јапонската телевизија, кога првите бранови го погодија градот Хокаидо во 10:40 часот по локално време.

Китовите можат да бидат исфрлени на брегот за време на цунами поради брзи и ненадејни промени во нивото на водата и крајбрежните океански струи.

Кога брановите се приближуваат кон брегот, водата на почетокот брзо се повлекува, што може да предизвика китовите да се заглават близу до плажата.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

Закана од цунами

Земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтер што утрово го погоди брегот на Камчатка би можел да предизвика цунами во неколку земји во Тихоокеанскиот регион, вклучувајќи ги Русија, Јапонија, САД и Канада.

Тоа е најсилниот земјотрес во светот од 2011 година, кога земјотрес со јачина од девет до 9,1 степени по Рихтер уби повеќе од 19.000 луѓе низ Јапонија, а брановите достигнаа висина и до 40 метри.