Јапонскиот метод на заспивање на бебето им ветува на родителите дека ќе можат да го заспијат бебето за точно 13 минути.
Познат е како „метод на одење и седење“ и се состои од три едноставни чекори:
Држете го расплаканото бебе во раце и пешачете пет минути за да го смирите. Откако бебето ќе заспие во вашите раце, седнете и држете го уште осум минути. Ставете го бебето во креветчето.
Докторката Куми Курода и нејзините колеги од центарот РИКЕН во Јапонија спроведоа истражување за најдобриот начин за заспивање на бебињата. Во истражувањето учествувале 21 бебе на возраст од еден до седум месеци.
Откриле дека бебињата кои плачат најбрзо се смируваат откако некој ќе ги прошета пет минути. Утврдено е и дека најдобро заспиваат откако мајка им ги држи во раце додека таа е во седечка положба.