ЈА БАРАА ДВЕ ГОДИНИ: Шампионката Румушка исчезнала по расправија со нејзиното момче, сега нејзиното тело е пронајдено
Телото на Андреа Рабчицу (27), романска шампионка во стрелаштво, била пронајдено во Италија речиси две години откако била пријавена за исчезната.
Телото на Андреа, наводно, било пронајдено синоќа на фарма на околу еден километар од местото каде што последен пат била видена во март 2022 година.
Иако посмртните останки се во многу лоша состојба, полицијата е речиси убедена дека тоа е таа, бидејќи биле пронајдени парчиња облека кои одговараат на описот на тоа што носела Андреа на денот кога исчезнала.
Според претходните извештаи, на исчезнувањето на девојката претходела расправија со нејзиното момче.
Мајката на Андреа дојде на фармата во солзи, а на сцената се појави и адвокатот на момчето на Андреа, кој е осомничен за нејзиното исчезнување .
Андреа последен пат била видена на 12 март 2022 година во областа Анкона, по забава на која присуствувала со нејзиното момче и пријателите. Наводно, по расправија со нејзиното момче пеш ја напуштила забавата, а дечкото цело време соработувал со полицијата.
Меѓутоа, еден месец подоцна полицијата го привела дечкото и со часови го испрашувала. Во таа прилика му биле одземени мобилниот телефон и таблетот, а претресен е и станот во кој живеел. Младиот човек тврдел дека Андреа му го оставила телефонот, но полицијата се посомневала дека тој и го одзел по жестока расправија.