Ја дрогирал, ја тепал, врзана ја убил па ја спакувал во фрижидер! Брутално злосторство кое ќе ве шокира: Беше бремена два месеца…

Малиса Муни, модел од Лос Анџелес, чие тело беше пронајдено на почетокот на септември, според истрагата била убиена, врзана па спакувана во фрижидер.

Убиецот и’ ги врзал рацете и нозете на Малиса, и’ ставил завој на устата, а во телото биле пронајдени траги од кокаин.

Официјални лица во Лос Анџелес на почетокот на месецот објавија дека Малисса умрела со насилна смрт, но дури сега се објавени страшните детали за тоа како биле пронајдени посмртните останки на 31-годишната девојка.

Во посмртниот извештај се наведува дека Малиса се здобила со повреди од тап предмет во пределот на главата и левата рака.

Токсиколошките наоди покажуваат дека таа во телото имала бензоилекгонин (метаболит на кокаин), како и мешавина од кокаетилен и етанол.

– Трауматските повреди забележани на обдукцијата генерално сами по себе не се сметаат за опасни по живот. Сепак, врз основа на околностите во кои беше пронајдена г-ѓа Муни, овие повреди сугерираат дека таа најверојатно била вклучена во насилна физичка пресметка пред нејзината смрт.

Со оглед на тоа, улогата што дрогата и/или алкохолот можеби ја играле во смртта на г-ѓа Муни, доколку ја има, е неизвесна, се наведува во извештајот на патологот.

Малиса беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на 12 септември, откако нејзината мајка повикала полиција бидејќи не можела да стапи во контакт со својата ќерка. Кога полицајците влегле во станот го нашле нејзиното претепано и врзано тело, а под неа имало локви крв. Има и докази дека манекенката била задавена.

Истрагата откри дека некој го користел нејзиниот мобилен телефон, компјутер и други гаџети кои биле поврзани со нејзиниот iCloud.

Сестрата на убиената рекла дека Малиса во моментот кога била убиена била бремена во втторриот месеца и дека отсекогаш сакала да биде мајка. Малиса се вселила во луксузниот стан еден месец пред убиството.