Реал повторно има предност во клучните битки! Прочитајте ја деталната анализа за денешното ,,Ел Класико” (фото)

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид денес од 16 часот и 15 минути ќе го одиграат прволигашкото „Ел Класико“. Овој дуел доаѓа во лош момент за Каталонците, но е во многу подобар момент за мадридскиот тим.

Чави Ернандез има полна „болница“ и целосно е неизвесно кој ќе може да игра и како ќе изгледа стартниот состав, а уште поголемо прашање е кој ќе може да влезе во второто полувреме, од опоравените играчи. Засега е извесно дека на „Ел Класико“ ќе пропуштат Жил Кунде, Педро и Серхи Роберто, Френки де Јонг има минимални шанси, а Роберт Левандовски и Рафињаби можеле да одиграат дел од второто полувреме.

Од друга страна, Карло Анчелоти не може да смета само на претходно повредените Тибо Куртоа и Едер Милитао, без кои Реал веќе научи да функционира, бидејќи тандемот Ридигер-Алаба функционира сè подобро и подобро, а Кепа е во врвна форма од неговото доаѓање. Затоа, подолу ги издвојуваме битките кои би можеле да бидат пресвртни точки во претстојното „Ел Класико“.

Oриол Ромео – Џуд Белингем

Судир на два светови, судир на дојденци, но дијаметрално спротивени страни во речиси секоја смисла. Ромеу беше план Д, најевтината опција за задниот играч за врска која беше приоритет за Чави по заминувањето на Серхио Бускетс. Но, бидејќи Мартин Зубименди и Џошуа Кимих беа финансиски недостижни, Ромео беше единственото решение. Иако Ромео играше многу добро на отворањето на сезоната, наскоро противничките тренери и играчи видоа како да го притиснат и да го направат вишок во Барса. Тоа најдобро го видовме во Порто, каде противничките играчи во неколку наврати притискаа кога топката одеше кон Ориол. Проблемот на Барса е таа дефанзивна транзиција, а со него на теренот потешко ја вадат топката и полесно ја губат во организација на нападот.

Згора на сè, Ромео ќе има многу потешки дефанзивни задачи, бидејќи ќе треба да го брка Џуд Белингем и да им помогне на Андреас Кристенсен и Роналд Араухо или Ињиго Мартинез. Многубројните предности се на страната на Белингем, освен квалитетот, годините и фактот што средниот ред на Реал делува покоординирано. На крајот на краиштата, сите се здрави и фит – Крос, Камавинга, Валверде, Чуамени и Модриќ се опции и богатиот арсенал на располагање на Карло Анчелоти. Моменталната ситуација и статистика на двата тима во „Ел Класико“ е апсолутно на страната на Мадрид.

Жоао Феликс – Дани Карвахал/Ридигер

Најопасен играч на Барселона во отсуство на Левандовски и Рафиња дефинитивно е Жоао Феликс. Преку него минуваат сите најопасни акции, што го потврдуваат и бројките. Португалецот создава најмногу шанси за соиграчите, има најмногу допири со топката во последната третина од теренот и најуспешни дриблинзи. Феликс ќе игра на позицијата лево крило, но за разлика од Ламин Џамал ​​на другата страна, Португалецот многу повеќе влегува во средината и делува офанзивно. Затоа, Дани Карвахал и Антонио Ридигер имаат задача да го неутрализираат најдобриот напаѓач на Барса. Португалецот како член на Атлетико одигра осум натпревари против Реал, немаше ниту една победа, ниту гол ниту асистенција, со дури шест порази.

Винисиус Јуниор – Роналд Араухо/Жоао Кансело

Главното оружје на Чави во секој дуел со Реал беше командата на Роналд Араухо на позицијата десен бек. Но, сега ситуацијата е значително поинаква, бидејќи во тимот пристигна Жоао Кансело, еден од најдобрите десни бекови во последните години, но во исто време и играч со многу поофанзивни карактеристики. Затоа главната дилема на Чави е дали Араухо, кој често можеше да го стави Винисиус во „џеб“, повторно ќе игра на крајот од десната аут линија или да ризикува со Кансело, кој може да донесе повеќе во нападот. Ако Араухо е дефанзивец, тогаш стоперскиот тандем се Кристенсен и Мартинез. Во тој случај, не е невозможно Кансело да биде изненадување во малку поофанзивна улога на десната страна за да го „удвои“ Винисиус со Араухо, а Ламин Џамал ​​да биде опција и фактор изненадување од клупата.

Исто како и во тимот на Барселона, Реал Мадрид е најопасен на левото крило каде Винисиус ќе има голем број на топки. Бразилецот беше во аут неколку недели, ја бараше формата и во Лигата на шампионите против Брага покажа дека се врати, со две асистенции. На 14 натпревари против Барса, Винисиус постигна три гола и има две асистенции.

Левандовски, Рафиња, Џамал ​​- Родриго, Хоселу

Клупата може да биде многу важен фактор. Доколку Левандовски и Рафиња бидат подготвени нема да имаат повеќе од 30 минути на теренот, додека мали се шансите 16-годишниот Џамал ​​да биде стартер против најголемиот ривал. Но, Џамал ​​може да биде и опасен ако дојде свеж, особено ако се земе предвид дека левата бековска позиција е најслабата алка во тимот на Реал.

На спротивната страна Карло Анчелоти ќе ги има Родриго и Хоселу по потреба, кои се целосно подготвени да бидат стартери. Родриго со голот во Брага стана петти најдобар стрелец на Реал во Лигата на шампионите, навистина има талент за големи натпревари.

Чави Ернандез – Карло Анчелоти

Веќе кажавме дека Италијанецот има многу поширок ростер и поголем број стандардни првотимци и на располагање и во вистинска форма. Чави ќе сака да го има поседот на топката, но мали се шансите да го добие со триото Ромео, Гундоган, Гави, кој без Де Јонг и Педри има голем проблем во организацијата на играта. Извори од Мадрид тврдат дека Анчелоти сака да ја скрши Барселона на средината на теренот и дека не е невозможно да се игра со дури пет играчи од средниот ред за целосно да се турне ривалот што поблиску до голот на Тер-Штеген. Не е невозможно Чуамени, Крос и Камавинга да играат во средината, Валверде да биде десно „крило“, а Белингем „лажна деветка“, па Анчелоти да има формација 4-3-3. Реал во тој случај има брза транзиција и контрола во средината. Ако Анчелоти успешно ги изолира Феликс и Феран Торес, што се чини дека нема да му биде тешко на Реал, мали се шансите Барселона да создаде повеќе шанси од Мадрид. Напротив.

Единствено на страната на Чави е дуелот со Анчелоти, на седум меча Шпанецот има четири победи, а Италијанецот три.

Потенцијални состави:

Барселона: Тер Штеген, Кансело, Араухо, Кристенсен, Балде, Ориол, Гави, Гундоган, Фермин, Феликс, Торес.

Реал Мадрид: Кепа, Карвахал, Ридигер, Алаба, Менди, Чуамени, Камавинга, Крос, Валверде, Винисиус, Белингем.