Израел објави снимка од копнената операција во Појасот Газа: Пешадија и тенкови тргнаа во офанзива (ВИДЕО)

Израелската армија (ИДФ) објави снимка од копнените сили во Појасот Газа, кои вклучуваат пешадиски трупи, борбени инженерски сили и тенкови, во акција што се одвивала во текот на ноќта и наутро.

Овие сили во моментов остануваат присутни во Газа и сe подлабоко навлегуваат во територијата на Хамас.

Израелската војска претходно објави дека војниците, инженерските единици и тенковите ќе останат стационирани во Појасот Газа додека трае копнената операција.

Исто така, ИД извести дека вечерва извршила силно бомбардирање, користејќи околу 100 нејзини авиони, кои погодиле 150 цели на Хамас во појасот Газа.

Oва бомбардирање е најинтензивно од почетокот на конфликтот на 7 октомври.