“Ја инјектирам крвта на син ми (18 г.) за да изгледам помладо!“ – шокантно тврдење на еден милијардер – опсесијата на богаташите ја преминува ‘црвената линија’!

Брајан Џонсон – арогантниот богаташ кој во својот дом изградил клиника за да се подмлади, се подложил на нов третман.

Контроверзниот богаташ Брајан Џонсон (45 г.) се обидува на секој начин да се подмлади. Овој пат шокираше со нов подвиг – тој прави размена на крв од три генерации. Брајан Џонсон примил трансфузија на крв од неговиот 17-годишен син Талмаџ, од кого за таа прилика извадиле литар крв, а плазмата била одделена и инјектирана во кардиоваскуларниот систем на богаташот.

Брајан Џонсон верува дека младата крв може да го забави процесот на стареење во неговото тело и да го поправи настанатото оштетување на клетките. Истата процедура ја направил и неговиот татко Ричард (70 г.), само Брајан Џонсон во тоа време бил млад крводарител. Размената на крв од три генерации била извршена во „Resurgence Wellness“, болница со футуристички изглед во Арлингтон, Тексас.

Како што е наведено, Брајан Џонсон се водел од истражувањето спроведено на глувци. Тие сугерираат дека кога постар глушец ќе добие крв од помлад, се случува т.н обратно стареење. Сепак, нема докази дека такво нешто би можело да функционира кај луѓето. Напротив, може да биде опасно поради можната силна имунолошка реакција на примачот.

Да потсетиме, овој богаташ троши околу два милиони долари годишно за да се подмлади и повторно да изгледа како 18-годишник. За да ја постигне својата цел, која вклучува мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и гениталии на 18-годишник, Брајан Џонсон регрутирал тим од 30 доктори професионалци да ги надгледуваат сите негови телесни функции. Овој план барал не само надзор на докторите, туку и создавање на мала клиника во домот на богаташот во Калифорнија.