Јелена Калеуша се пофали со скапиот подарок што го добила од посебен маж

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша на социјалните мрежи се пофали со скап подарок.

Инаку, Јелена е голем вљубеник во модата, а за нејзиниот одличен стил сведочат нејзините бројни публикации. Покрај облеката, Јелена е голем љубител на парфеми. Така и овој пат се пофали со подарокот кој го добила од менаџерот Зоран Бирташевиќ.

Имено, Зоран ја изненади со нејзиниот омилен парфем „Tiziana Terenzi Atlantide“.

– Претпоставувам дека нема да тонеме како Атлантис со новиот албум. Иако, можеби таму се крие некој Аквамен, никогаш не се знае… Благодарение на Зоки, напиша Јелена.