ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ГО НАМАЛУВА РЕЈТИНГОТ НА СНС !? Пејачката ја избркале од снимањето на емисијата на Огнен Амиџиќ со Александар Вучиќ, а сега се обидуваат и да се оградат од неа
Како што дознава српскиот веб-портал Nova.rs, Јелена Карлеуша била „избркана“ од снимањето на најновата епизода од емисијата „Ami G“ на телевизија Пинк, каде што требало да гостува со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Емисијата се снимала викендов, а во емисијата ќе гостува и претседателот на Србија.
Првичниот договор бил претседателот на Србија, Александар Вучиќ и пејачката Јелена Карлеуша да се појават заедно со водителот Огњен Амиџиќ, но епизодата е снимена без неа.
На списокот за поддршка на Српската напредна партија (СНС), меѓу 2.000 потписи, го нема ниту името на Јелена Карлеуша, додека на листата има многу помалку познати јавни личности.
Причината за овие промени, како што дознава Nova.rs од круговите на СНС, е тоа што јавните постапки на Јелена Карлеуша нанеле повеќе штета на рејтингот на оваа партија отколку добро. Според нивните проценки, инвестирањето во нејзе само го намалил рејтингот на СНС.
Огњен Амиџиќ вечерва треба да го најави својот гостин за оваа недела – Александар Вучиќ.
Јелена Карлеуша во изминатиот период гласно ги поддржуваше СНС и претседателот на државата, жестоко навредувајќи ги опозициските политичари и актери, но и се обиде да го релативизира масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“. Наводно таа од државниот Телеком добила милион и пол евра.