Јована Јеремиќ се гуши во солзи пред камерите – Не можела да се воздржа во програма во живо

Јована Јеремиќ утрово се расплакала пред камерите на програмата Ново јутро, поради сопствената траума. 

Имено, Јеремиќ изјавила дека најголемата траума во животот ја доживеала кога нејзината најдобра пријателка доживеала сообраќајна несреќа.

– Она што ќе го кажам е мојата голема траума. Имав другарка, беше многу убава, и денес сме најдобри пријатели. Заедно вежбавме одбојка, а татко и и купи мотор. Моторот беше со голема кубикажа, таа не можеше целосно да маневрира. Возеше на село, а еден ден имаше сообраќајна несреќа на кривина, на 200 метри од мојата куќа, со моторот удри во трактор што носеше бали сено, удри во ретровизор, и скрши сите заби. Тоа и го промени животот. Најголем страв од тогаш ми е моторот после тоа – изјави Јована која не можеше да ги задржи солзите.

Како што продолжила, ја посетила својата пријателка во болница веднаш откако била оперирана: 

– Имаше бројни операции, јас преживеав толку тешки моменти, а една никогаш нема да заборавам. Ја посетив, се сеќавам дека дојдов кај неа дома, кога се симнуваше по скали, никогаш нема да го заборавам нејзиното отечено лице после сите операции. Фала богу сега е добро – изјави Јована која не можеше да ги сопре солзите.