Нејмар ги минува најболните моменти во кариерата, на видеото вреска и се грчи од силните болки

Бразилскиот фудбалер Нејмар се опоравува од веројатно најтешката повреда во светот на спортот (предни вкрстени лигаменти), а на социјалните мрежи се појави снимка на која се грчи од силни болки за време на една од терапии.

Нејмар го повредил лигаментите минатиот месец додека играл за Бразил против Уругвај во квалификациите за Светското првенство. Тој веднаш бил опериран и треба да биде надвор од терените до 10 месеци.

Иако се чини дека сезоната за него е завршена, Нејмар се надева дека ќе биде подготвен за Копа Америка која е закажана за јуни следната година.

На социјалните мрежи се појави видео од една од терапии каде Нејмар вреска од болка.

„Престани, побогу“, вели Нејмар низ солзи додека лекарите се обидуваат да му ја средат ногата.

Нејмар се повреди само два месеци откако се пресели во Саудиска Арабија од Пари Сен Жермен. Ал Хилал му плаќа речиси три милиони евра неделно. Тој постигна еден гол за својот нов клуб пред да се повреди.