Јована Јеремиќ ја вработи ќерка си – малата Леа ја избра професијата со која ќе се занимава, мајка ѝ веднаш предупреди: „ДОЈДЕ ДА РАБОТИШ“

Имено, Јована Јеремиќ денеска во редакцијата на телевизијата Пинк ја донесе својата ќерка Леа која ја има од бракот со поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ, а како што водителката постојано нагласува дека е голем работник, веднаш ја вработила својата ќерка.

Уште од мала ја учи ќерка си Леа да оди по стапките на мајка си, па денес ја пушти да носи весник и го напиша следново:

„Денес Леа го учеше 1-виот час по новинарство: како се носи весник, а за својата работа доби награда од претпоставените“ – гордо напиша Јована, а потоа ја сликаше Леа како седи на компјутер.

– Ајде Леа, помогни ѝ на мајка ти. Како те научив како да носиш весник? Весниците не се носат така. Дојде на работа, ајде, крени ги раце, фати го весник под рака, ноншалантно и оди. Полека, качи се горе во редакција, а не како селанка да го носиш весникот – и рекла Јована на малата Леа, која потоа како награда добила чоколадо од претпоставените.