Јовановиќ: Буџетот е нереален и не одговара на моменталната криза

Предлог-буџетот за 2023 година е нереален и не одговара на актуелната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за АИМ, Јовановиќ вели дека макроекономските и проекциите за приходите се многу оптимистички.

„Проектиран е растот на БДП од 3,4 проценти, што е многу висок од сите меѓународни институции. Нашиот институт, на пример, предвидува раст од 2 отсто, додека Светска банка од 2,5 отсто. Инфлацијата е проектирана на 3,6 проценти, што е многу ниско – нашиот Институт проектира инфлација од 5 проценти, додека Народна банка проектира 4 проценти. Дури и да се прифатат овие макроекономски проекции, проекциите за буџетските приходи се многу високи. При номинален раст на БДП од 7 отсто (3,4 отсто + 3,6 отсто) се проектира раст на приходите од 10 отсто, што не можам да видам како ќе се случи, кога нема планирано никаква даночна реформа“, објаснува Јовановиќ за АИМ.

Очекуваното зголемување од пет проценти на социјалните трансфери, според Јовановиќ, не е доволно во актуелната криза.

„Инфлацијата годинава ќе биде околу 10 проценти, лани беше 14 проценти, десетици илјади луѓе паднаа во сиромаштија поради овие отпуштања, додека социјалните трансфери се зголемуваат за само 5 проценти. Нема детали за да се види колку се зголемуваат парите, колку пензии, колку социјална помош, но пет проценти се апсолутно многу малку и не се доволни за да се спречи зголемувањето на сиромаштијата“, нагласи Јовановиќ.

Нереално се проектирани и капиталните расходи кои во Предлог – буџетот се на ниво од 730 милиони евра.

„Капиталните расходи се проектирани на 730 милиони евра, што е нешто пониско од ланските 800 милиони, додека во крајна линија е нереално. „Македонија не успеа да реализира 730 милиони јавни инвестиции за две години, а камоли за една“, нагласува Јовановиќ.

Владата вчера го презентираше предлог-буџетот за 2024 година, вреден 5,5 милијарди евра, окарактеризирајќи ја како развојна и одржлива. Расходната страна е проектирана на 343,6 милијарди денари или за 5,8 отсто повеќе во однос на 2023 година, додека приходите на 310,1 милијарди денари и се повисоки за 10 отсто. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милијарди денари помал во однос на 2023 година, што според Владата ќе значи помал приход за 150 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,4 отсто од БДП, додека инфлацијата на 3,6 отсто.