Министерот за информации и телекомуникации на Србија, Михаило Јовановиќ изјави дека претставниците на Приштина не присуствувале на потпишувањето на договорот „Дигитална Европа до 2027 година“ за пристап на земјите од Западен Балкан до таа европска програма и оцени дека ЕУ практично ги исклучи програмата вредна 7,5 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Белград.
-Таа вест можеби помина малку „под радар“, но мислам дека е важно нашите европски партнери конечно да покажат со конкретен пример, и политички и економски, дека разбираат кој на Косово и Метохија е вистински проблем, кој е тој што сака конфликти, кој е тој што не сака да потпише или почитува каков било договор во последните десет години, изјави Јовановиќ за РТС.
Тој кажа дека Србија со пристапување кон проектот Дигитална Европа, на кој се приклучија Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, практично се рангира меѓу земјите-членки на ЕУ, бидејќи овие средства сега се достапни за сите српски компании.
-Тоа е навистина одлична вест за нашиот ИТ сектор и можност за понатамошен раст, бидејќи минатата година остваривме рекорден извоз на ИКТ секторот од 2,7 милијарди евра, а веќе оваа година, во првите четири месеци, продолжуваме со растатот за дури 43 отсто, кога станува збор за извозот. Нашиот ИТ сектор продолжува со понатамошни вработувања и во првите шест месеци од годинава бројот на вработени во овој сектор се зголеми за околу 3.500, рече Јовановиќ.
Како што додаде, се работи за бесповратни средства и практично секој може да аплицира