Јокиќ направи хаос на конференцијата: Жена падна од стол а Србинот се ,,прсна” од смеење (ВИДЕО)

Комична сцена ја одбележа прес-конференцијата на Јокиќ по триумфот на Нагетс над Вориорс.

Кошаркарите на Денвер на свој терен го совладаа Голден Стејт со резултат 108:105, а централна фигура на натпреварот беше маестралниот српски кошаркар Никола Јокиќ.

Никола беше убедливо најефективниот играч на овој меч. Натпреварот го заврши со 35 поени, 12 скока и пет асистенции.

По уште една доминантна игра на теренот, на прес-конференцијата следуваше ново шоу на харизматичниот српски ас.

Додека расположениот Никола трпеливо одговараше на прашањата на новинарите, Американката Тејлор Винцек, која работи како видео монтажер за клупската телевизија на Нагетс, падна од столот. Србинот не можеше да се воздржи, во истиот момент ,,пукна” од смеење.

Се фати за глава, а потоа глумеше како изгледал падот на несреќната Американка.

Погледнете ја оваа урнебесна сцена: