Јокиќ, што би направил ако можеш да патуваш низ времето!? Србинот доби чудно прашање, па даде хит одговор – сите „паѓаа“ од смеење (видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е уникатна личност во светот на спортот, која ја покажа по којзнае којпат за време на едно интересно интервју.

Имено, на кошаркарите на Денвер Нагетс им било поставено интересно прашање: Што би направиле кога би можеле да патуваат низ времето?

Соиграчите на Никола беа доста имагинативни, открија во кој период би сакале да се вратат и со кого би сакале да запознаат, но „Џокерот“ ги насмеа сите присутни до солзи.

-Би се навратил во деновите кога нема ни видео снимки и телефони, ни ништо. Само луѓе. Само да видам како живееле луѓето, кога не можело никому да ме јавиш – изјави двократниот МВП на НБА.