Шпанскиот напаѓач Алваро Мората би можел по трет пат во кариерата да стане играч на Јувентус. Според италијанскиот Tuttosport, Мората има договор со Атлетико Мадрид до крајот на следната сезона. После тоа мадридскиот клуб ќе му понуди договор во кој ќе има намалена плата, што сигурно нема да му се допадне на Шпанецот. Таму во трка ќе влезе Јувентус кој сака да го врати во тимот.
Тоа би било трет пат во кариерата да доаѓа во Јувентус. Тој се пресели од Реал во 2014 година за 20 милиони евра, а Реал го купи две години подоцна за 30 милиони. Во Атлетико пристигна преку Челзи, кој го испрати на позајмица на две сезони во Јувентус. Беше од септември 2020 година до летото 2022 година. Мората постигна 13 гола и постави три на 40 натпревари оваа сезона.