Љубовта пукна поради војната во Украина, ќерката на голема легенда ја отвори душата: “Како да му објаснам на татко ми? Тој би ме избришал од животот”

Војната меѓу Русија и Украина остави влијание и на оваа спортска двојка. Руските мечувалци Костја Лоханов и Софија Поздњакова не можеа да го одржат бракот поради воената ситуација, а главната причина за нивната разделба е тоа што Лоханов не се вратил во татковината.

За време на војната, Лоханов прво беше на оперирација во Германија, а потоа се преселил во Америка, поради што врската на крајот не успеала.

Костја замина на операција во Германија во февруари 2022 година, а потоа ескалираше меѓународната ситуација. Решивме дека тој треба да живее таму за време на неговото опоравување бидејќи не беше јасно што се случува со летовите. За трите месеци што не се видовме, врската почна да се влошува, а јас преиспитав некои точки. Ретко пропуштам важни чекори во животот. Се разбудив едно утро и му се јавив на Костја. Му реков дека нема да дојдам. Му објаснив дека нема причина да продолжиме – рече Софија.

Подоцна, таа откри дека и тој се согласува со неа, иако првично ја убедувал во спротивното.

-Останав цврста. Да сакаше да го продолжи нашиот живот, ќе се вратеше. Сепак, не се врати. Се сакавме, имаше љубов, но и таа се изгуби кога си замина. Тоа се случи затоа што така мораше да биде. Ништо во животот не се случува случајно, мило ми е што Костја успеа во Америка, што работи таму, што има студенти. Што би добила ако јас одам во Америка? Сфатив дека нема да можам да разговарам со моите родители. Како да му го објаснам сето ова на татко ми… Едноставно би ме избришал од својот живот – додала Софија.

Инаку, Софија Поздњакова е ќерка на легендарниот Станислав Поздњаков , мечувалец со четири олимписки златни медали. Таа е исто така на добар пат да ги следи стапките на нејзиниот татко со два олимписки медали.