„На денешната седница на Влада ќе се донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот“, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски од Свети Николе, односно од втората по големина житница во земјава.
Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на јачменот и пченицата во рок од девет месеци, а претходно оваа поддршка траела два месеца.
„Овозможуваме субвенционирање на складирање на пченицата и јачменот во складишните капацитети од девет месеци, што значи 120 денари по тон, од месец. Тоа е поддршка за сите земјоделци“, вели Љупчо Николовски.
Посочи дека оваа мерка е преку Програмата за директни плаќања, а е со цел на земјоделците да им се обезбеди поголема сигурност и да ги продадат пченицата и јачменот тогаш кога сметаат дека се најдобри откупните цени.