ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ВО МАЈ- Семејството на Меган Маркл снима документарец за неа, сака да ја прикаже во негативен контекст
Семејството на Меган Маркл се здружи за да сними документарен филм во кој ја осудуваат војвотката од Сасекс за нејзиното однесување.
Како што пренесуваат медиумите, нејзиниот татко Томас Маркл, сестрата Саманта и братот Томас Џуниор тие не се на нејзина страна и решија да дадат изјави за новиот документарец, а се закануваат дека ќе објават досега невидена снимка од војвотката.
Имено, претходно во документарната серија на Нетфликс за Меган Маркл и принцот Хари, режисерот на филмот го портретира таткото на Меган Томас како човек кој добива пари за да разговара со печатот и да открие детали за неговата ќерка. После тоа, Меган откри и дека никогаш не се согласувала со нејзината сестра и брат.
Овој нов документарец моментално се снима на австралискиот Канал 7 и има за цел целосно да го промени наративот и да му даде глас на семејството на Меган. Новиот трејлер го прикажува таткото Томас како вели дека се обидува да се поправи со Меган, но тој сè уште зборува против неа.
Името на документарниот филм не е познато, но како што велат, ќе биде прикажан на 5 мај, односно ден пред крунисувањето на кралот Чарлс. Се смета дека овој документарец на мразителите на Меган Маркл ќе им даде уште повеќе причина за мразење.