“ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОЛОШО!“ – НАСА со драматично предупредување до светот: “Овогодинешниот јули ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години“

Овогодинешниот јули веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотини, ако не и илјадници години“, изјави главниот климатолог на НАСА, Гевин Шмит.

Во јули, дневните рекорди веќе беа соборени според алатките на Европската унија кои комбинираат податоци од земја и сателити во модели за да генерираат прелиминарни проценки.

Иако тие се разликуваат малку, трендот на екстремна топлина е непогрешлив и најверојатно ќе се одрази во подетални месечни извештаи подоцна објавени од американските агенции“, рекол Гевин Шмит на прес-брифингот на НАСА.

Гледаме невидени промени ширум светот – топлотните бранови во САД, Европа и Кина неконтролирано рушат рекорди“, додал тој.

И тоа не може да се припише само на временскиот шаблон на Ел Нино што навистина само што се појави“, објаснил тој. 

Иако Ел Нино игра мала улога, она што го гледаме е севкупна топлина, речиси насекаде, особено во океаните; со месеци гледаме рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели“, дообјаснува тој.

И предвидуваме дека тоа ќе продолжи, а причината е што продолжуваме да ослободуваме стакленички гасови во атмосферата“, заклучил Гевин Шмит.