“ЌЕ ВЕ ОСТАВИМЕ БЕЗ ИНТЕРНЕТ!“ – Димитриј Медведев повторно се заканува на целиот свет: “Ние имаме право да не се воздржуваме…“

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Совет за безбедност на Русија, вели дека Русија може да ги уништи подморничките кабли кои се клучни за интернетот и другите форми на комуникација во Европа и Соединетите Американски Држави (САД).

Москва има морално право да ја нападне непријателската комуникациска инфраструктура. Потсетувам дека вмешаноста на Западот во експлозијата на гасоводите ‘Северен тек 1‘ и ‘Северен тек 2‘ е докажана, така што тоа ни дава за право да не се воздржуваме“, вели Димитриј Медведев.