ЌЕ СЕ ВРАТАТ ЛИ МАСКИТЕ ПОВТОРНО? Незначително зголемување на бројот на тестирани лица во Куманово за Ковид 19

Десетина лица од Куманово на неделно ниво или по двајца дневно, последниов период се тестирале за Ковид 19, соопштија денеска од Центарот за јавно здравје. Ова е незначително зголемување на заинтересирани за тестирање во однос на долгиот период по пандемијата кога речиси и да не се спроведуваше тестирање.

-Повеќето од тестираните сè со упати од матичните лекари и во скоро време и од  инфективното одделение од општа болница Куманово почна да праќаат упати за тестирање на пациенти за Ковид 19, изјави примариус доктор, Весна Стефановска микробиолог.

Незначителен е бројот на позитивни лица во Куманово. Од Центарот кажаа дека располагаат со доволен број тестови, имаат соодветно обучен персонал кој може да одговори на потребите на градот, доколку има зголемување на упатени пациенти брз разлика дали доаѓаат од општата болница или преку „Мој термин“.