,,Ќе те тужам” – Карлеуша бесна како лав: Јавно го прозва водителот на „Задруга“, еве која е причината за инцидентот!

Јелена Карлеуша минатото лето ја информираше јавността дека се разведува од сопругот Душко Тошиќ, но не сакаше да зборува за деталите од распадот на бракот.

Таа преку својот Инстаграм само ги извести бројните фанови и следбеници дека на бракот меѓу неа и Душко му дојде крајот, а во соопштението што го објави објасни дека „Душко повеќе не се гледа себе си како дел од нивното семејство“…

Оттогаш многу се шпекулира за нивната врска, распределба на имотот и сè друго што носи разводот со себе, а Карлеуша многу жестоко реагираше на одредени приказни.

Taa се огласи, видно лута, поради интервју што поранешниот кооперативец и актуелен лидер на „Задруга“, Марко Ѓедовиќ го дал за локален весник.

Како што можевте да видите на насловната страна на магазинот тогаш, Ѓедовиќ зборуваше за Јелена и нејзиното семејство, како и за пропаѓањето на бракот со Душко Тошиќ, за кој се зборува и пишува од јули минатата година, кога самата Јелена објавија дека се разведуваат.

Марко Ѓедовиќ: Душко им препишал сè на мајка му и на сестра му, затоа ЈК нема да се разведе“, гласи спорниот наслов, на кој Јелена реши јавно да реагира.

Токму оваа реченица ја налути дивата, односно тврдењата на поранешниот учесник на „Задруга“ дека Тошиќ сиот имот им го префрлил на мајка си и сестра си и дека тоа е причината поради која пејачката не сака развод.

Општо познато е дека имотот стекнат во брак или соживот се дели, поради што Јелена се огласи и му се закани на Ѓедовиќ со тужба.

– До кога простите луѓе ќе кажуваат лаги за мене и моето семејство?! До кога медиумите ќе објавуваат непроверени информации заради тираж?! Поради ова, принудена сум повторно да поднесам тужба. Под која карпа живеете вие ​​луѓе, па не знаете дека брачниот имот е вообичаена работа?! Во каква омраза живееш кога мојот живот ти е поважен од водата што ја пиеш? До кога!? – „викна“ Јелена преку својот Инстаграм.