Џафери:Македонија се уште не е подготвена за албански претседател

Техничкиот премиер на Македонија, Талат Џафери, во интервју за РТШ изјави дека перцепцијата на македонските граѓани кон Албанците во Mакедонија е значително променета.

Сепак, тој рече дека Македонија се уште не е подготвена за албански претседател како што бара албанската опозиција.

За соработката со другите партии, Џафери рече дека сите треба да разберат дека соработката е додадена вредност кон евроинтегративниот пат. Џафери изрази жалење за однесувањето на албанските опозициски партии на собраниската седница на која гласаа за првиот албански премиер во историјата на Македонија.

Штом политиката го прифати фактот дека меѓусебната соработка е додадена вредност на спецификите што ги има оваа земја, тоа е најлесниот пат кон евроинтеграциите“, рече Џафери.

Запрашан за односот со другите двајца албански премиери и каде ќе биде неговата прва официјална посета, Џафери рече дека има одлични односи и дека неговата прва посета ќе зависи од агендата.

„Односите се одлични со двете земји. Тоа не е емотивен аспект од првата посета на Косово или Албанија, туку е прашање на агенди“, рече Џафери.