Меган снимена по веста дека кралот Чарлс има рак, нејзиното однесување ги налути Британците

Меган Маркл е фотографирана за прв пат во јавноста откако беше објавено дека кралот Чарлс има рак.

Војвотката од Сасекс се смешкаше од уво до уво додека возеше покрај нејзиниот дом вреден 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија, а нејзиното однесување ја налути британската јавност.

Поранешната актерка изгледаше опуштено зад воланот на својот Range Rover, криејќи го лицето со големи очила за сонце и капа, а пиеше голтка кафе додека поминуваше покрај папараците. Фотографиите ги објави Дејли Мејл. Тоа е прв пат таа да биде фотографирана откако Хари одлета во Лондон да го посети својот татко.

Принцот Хари се врати во Калифорнија по еднодневната посета на Велика Британија. Тој беше виден вчера во лондонскиот Хитроу откако еден ден претходно беше изнесен од истиот аеродром со полициско возило.

Меган Маркл и децата Арчи и Лилибет останаа во Америка.