Џафери: Мицкоски шпекулира, немам комуникација со Груевски

Талат Џафери – Претседателот на Собранието денеска на прес-конференција ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, на него и на лидерот на ДУИ, Али Ахмет, им дал УСБ и плик со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

Според Џафер, ова е нечија дневно политичка тема за да се избегне реалната состојба.

„Реков и пак ќе кажам, ова е нечија дневно политичка тема за да се избегне реалната состојба. Инсинуација и чиста шпекулација дека сум добил некакви документи од Груевски.

Немав никаква комуникација, ниту ми требаше некаква комуникација со Груевски“, рече Џафери.