Џенифер Лопез бара купувач, ја продава својата луксузна куќа во Калифорнија за 42.500.000 долари

Џенифер Лопез ќе ја продаде својата ултра луксузна куќа во Бел Ер, Калифорнија за… 42.500.000 долари.

Според странскиот печат, повикувајќи се на информации од компанијата што ја ставила на продажба, „ретката и извонредна“ куќа се наоѓа на површина од осум хектари земја и првично била дизајнирана од иконскиот архитект Семјуел Маркс.

Според извештаите, пејачката го купила неверојатниот имот во 2016 година од актерката Шила Вард, а последователното реновирање ја чинела Лопез 28 милиони долари.

Резиденцијата, со својата препознатлива декорација од камен и дрво во француски стил, вклучува девет спални соби, кујна со вграден простор за појадок, соба за игри, библиотека, соба за масажа, теретана и кино соба.

Резиденцијата е особено светла и овозможува пристап до импресивниот поглед на околината од секоја точка. Исто така, има втор имот за гости, базен, органска зеленчукова градина, езеро со песочна плажа, надворешен амфитеатар за 100 лица и патеки за пешачење.