Џерард останува тренер на Ал Етифак

Поранешниот легендарен англиски фудбалер Стивен Џерард е подготвен да остане на тренерската клупа на саудискиот клуб Ал Етифак, јавија синоќа британските медиуми.

Според извори од Саудиска Арабија, како што пренесува Би-Би-Си, Ал Етифак е подготвен да објави продолжување на соработката со 43-годишниот Џерард за уште две сезони.

Џерард седна на клупата на саудискиот клуб во јули лани.

Саудискиот клуб претходно оваа недела го напушти фудбалерот Џордан Хендерсон, кој беше клупски колега на Џерард во Ливерпул.

Хендерсон го раскина тригодишниот договор вреден 700.000 фунти неделно и кариерата ќе ја продолжи во Ајакс.

Џерард е еден од најплатените тренери во светот со годишна плата од околу 15 милиони фунти, а во саудискиот клуб треба да остане до 2027 година.