Џесика Алба се разведува: Мажите сонуваат за неа, а таа по 17 години брак и со три деца стави точка (фото)
Светот ја смета за една од најубавите актерки, а иако многу мажи би дале сè за да бидат со неа, нејзиниот сопруг одлучил дека на љубовта и’ дојде крајот.
Имено, по 17 години брак и три деца, ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7), Кеш Ворен и Џесика Алба решиле сами да тргнат по својот животен пат.
Тие се венчаа во мај 2008 година, а сè уште не е позната конкретната причина за нивниот развод. Секој одмор досега го поминуваа заедно, па одвреме-навреме имавме можност да ги видиме на семејни фотографии од различни дестинации. Меѓу последните е фотографија од Денот на благодарноста, кој го поминале во Мексико, а потоа и Божиќ. Во неколку неодамнешни видеа, Џесика беше видена во јавноста без венчален или веренички прстен, што им даваше на многумина, во тоа време, она што изгледаше како лажна надеж.
Ѕвездата на „Фантастична четворка“ и асистентот на филмот се запознале на сетот во 2004 година. Тие се верија во декември 2007 година и кажаа „ДА“ на тајна церемонија во судницата во Беверли Хилс, Калифорнија следната година кога Џесика веќе беше бремена со нивната најстара ќерка.