Џеф Безос и неговата девојка привлекоа внимание на трката во Формула 1: Какво непочитување

Џеф Безос уживаше на трката за Големата награда на Мајами во Ф1 со својата девојка Лорен Санчез.

Парот на трките се појавуваше во лежерни комбинации и цело време се држеа за раце, но најголемо внимание привлекоа нивните комбинации.

Лорен носеше краток кафеав топ, фармерки и патики, додека милијардерот носеше црна маица, светли фармерки и бели патики.

Сепак, на социјалните мрежи се појавија многу критики за изгледот на Лорен.

“Девојката на Безос изгледа одвратно, брадавиците и се испакнати, во таа маица што ја носи на трката. Какво непочитување”, “Што се случува со девојката на Безос, изгледа страшно”, “Со сите тие пари изгледаат вака“, се дел од коментарите.

За потсетување, двајцата ја открија својата врска во 2019 година, откако Безос објави дека по 25 години брак се разведува од поранешната сопруга Мекензи, на која и платил 38 милијарди долари.

На почетокот на оваа година, Лорен, која е поранешна новинарка, се отвори за тоа како изгледа нивната врска.

“Ние сакаме да бидеме заедно и сакаме да работиме заедно. Летаме заедно. Тренираме заедно. Ние сме заедно цело време”, рече таа.