Џеј Ло и Бен Афлек првпат се појавија јавно по брачната драма: Познатата пејачка поради средбата со свекрвата изгледаше како ,,бомбона!”
Познатата двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек вчера за првпат се појавија во јавноста по низата скандали. Нашироко се шпекулира дека нивниот брак е во криза. Проблематичните моменти од црвениот тепих и снимките од наводните кавги ги подгреваат таквите гласини.
Џеј Ло и Бен Афлек вчера го прославија Денот на мајката. Пејачката носеше прекрасен цветен фустан до рамо, со кој нејзините чевли брилијантно се совпаѓаа. Чантата и очилата за сонце и’ послужија како детали кои треба да покажат дека и Џенифер ја следи модата, иако често е на мета на модните критичари.
Музичката ѕвезда изгледаше одлично, со нејзината ќерка Ема и мајка и’ Гвадалупе Родригез.
Се појави и мајката на познатиот актер Кристофер Ен Болд, која го доби синот Бен со поранешниот сопруг Тимоти Афлек.
Судејќи по сликите, нема знаци на проблеми во бракот на славната двојка, но забележлива е и одредена дистанца меѓу нив, која можеби настанала сосема случајно.
Дека нешто не е во ред меѓу Џеј Ло и Афлек се шпекулира со денови – славната двојка наводно се скарала на неодамнешната премиера на филмот „Мајка“ во Лос Анџелес, иако читач на усни го тврди спротивното и вели дека само зборувале за каква поза да направат за фотографирање.
Беше објавено и контроверзно видео на кое Бен изгледа многу лут, а потоа следеше снимка на која изгледа дека двајцата се расправаат.
Пред неколку месеци на доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес, имаше и расправија, за која Афлек рече дека е само шега.
Џенифер Лопез и Бен Афлек се во брак од минатата година, се забавуваа пред две децении, а потоа раскинаа непосредно пред свадбата.