10 проблеми во менопаузата кои го нарушуваат нормалниот живот: Топлите бранови не се најголемиот проблем

Симптомите на менопауза се многубројни. Овие 10 што следат се појавуваат најчесто, што не значи дека секоја жена мора да ги има точно сите 10 поплаки.

1. Депресијата често ја придружува менопаузата (тага, лошо расположение, плачливост, недостаток на волја)

2. Раздразливост (напнатост, променливо однесување)

3. Нервоза (анксиозност, неразумна анксиозност)

4. Исцрпеност (замор, чувство на безволност)

5. Топли бранови (ненадејно чувство на топлина на кожата на вратот, градите и лицето кое трае три до четири минути и е проследено со потење)

6. Срцеви проблеми (непријатност во градите, неправилно чукање на срцето)

7. Болка во мускулите и зглобовите

8. Нарушување на сонот (тешко заспивање и рано будење)

9. Сувост на вагината која предизвикува проблеми при сексуален однос

10. Сексуално нарушување (губење на желба за сексуален однос, болен и непријатен сексуален однос)

Понекогаш овие поплаки , пред се недостатокот на енергија, се толку изразени што жената не може да одговори на своите професионални задачи. Тогаш недостатокот на хормони се компензира со вклучување на хормонска заместителна терапија, т.е. HRT или HST хормони. Ниту една жена не смее да ги зема сама, туку само по препорака на лекар.