Антониа Гиговска, невеста како од бајките

Пејачка Антониа Гиговска и избраникот на нејзиното срце, музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер вчера го кажаа судбоносното ДА на церемонија на која присуствуваа бројни имиња од македонската естрадна сцена.

Инаку, Антониа и Џокер се зедоа уште лани, пред раѓањето на нивниот син Киан, но сепак, одлучија да напрват свадбена прослава за роднините и пријателите која во неделата продолжи во еден од скопските познати ресторани.

Антониа изгледа прекрасно во бајковита венчаница, додека Роберт се одлучил за црно палто и панталони во комбинација со бели патики.

Младата брачна двојка одлучила да испочитува и некои обичаи и традиции на овој голем и посебен ден за нив.