30 ГОДИНИ СИ ОПСЕДНАТА СО ЦЕЦА, ЖЕНАТА ЗА ТЕБЕ Е МЕГАЗВЕЗДА! Пејач жестоко ја прозва Јелена Карлеуша – Ми се гадиш!

Пејачот Бојан Томовиќ распали по Јелена Карлеуша во едно од неговите неодамнешни интервјуа.

Пејачката Јелена Карлеуша е позната како некој кој безобразно ги коментира сите случувања на јавната сцена, но и нејзините колешки со кои има јасно поделен однос.

Со едни е добра, со други воопшто нема односи, а сега за неа свое мислење се изјасни и пејачот Бојан Томовиќ. Изведувачот на хитот „Blue Motorola“ жестоко ја осуди својата колешка, спомнувајќи ја Светлана Цеца Ражнатовиќ , но и раперот Канје Вест , со кој Јелена сака дует.

Ја нарече „прашина“ и „воздух“, а и посочи дека е „згаден и згрозен“.

„Јелена Карлеуша неодамна рече дека на ментално болните нема место на телевизија. Па јас реков – од каде ти жено на телевизија? Мислам, 30 години сте опседнати со Цеца Ражнатовиќ, за вас жената е мегаѕвезда. Сакаш дует со Канје Вест кој призна дека е биполарно како мене.Не е грип,тоа е хормонално пореметување во мозокот.Сакаш дует со него и велиш дека ментално болните не можат…Па што си тогаш ти? Го доживеав тоа како дискриминација, и тогаш ме згрози и згади. Да ја видам ќе поминам покрај неа. Знаеш кога велат „воздух“? Не, воздухот се вдишува. Прашината се игнорира Пих, прашина“, рече меѓу другото Томовиќ.

Јелена Карлеуша се уште не одговорила на овие повици.