7-те најчести причини за вртоглавица: Еве кога треба да одите на лекар

Вртоглавицата е комплексен феномен кој предизвикува загриженост кај пациентите. Се јавува често и е втора најчесто пријавена поплака за време на лекарски преглед. Тоа може да се појави како чувство на нестабилност, заматен вид или губење на рамнотежа при одење, според експертите од клиниката Мајо.

Повеќето луѓе од време на време чувствуваат вртоглавица. Тоа ретко е знак за посериозен проблем, а ова се некои од најчестите причини.

Ненадеен пад на крвниот притисок

Ова е привремена вртоглавица која се јавува како резултат на нагло опаѓање на крвниот притисок и може да се појави ако ненадејно седнете или станете. Кај овие пациенти, обично постои историја на низок крвен притисок (просекот е 120 систолен / 80 дијастолен mm Hg). Проверете го крвниот притисок додека лежите и споредете го со резултатите додека седите или стоите. Ако систолната или дијастолната разлика е поголема од 20 mm, ова може да биде потенцијална причина за вашата вртоглавица.

Проблеми со циркулацијата

фактори кои влијаат на протокот на крв низ телото или на општата здравствена состојба на кардиоваскуларниот систем може да предизвикаат вртоглавица. Вообичаени причини вклучуваат анемија (намалување на бројот на црвени крвни зрнца), хормонални промени (како што се со менструалниот циклус и менопауза), атеросклероза, згрутчување на крвта и дехидрација .

Неодамнешните докази укажуваат на срцевите заболувања како една од водечките причини за симптоми на вртоглавица. Ако резултатите од крвта не се нормални, вашиот лекар може да препорача ЕКГ преглед на срцето.

Прекумерната изложеност на стрес или напади на паника може да доведе до вртоглавица

Стрес, анксиозност и депресија

Депресијата и анксиозноста често се мешаат со чисто психолошки проблеми, а всушност тие имаат вистински физички ефекти врз функционирањето на органите. Ненадејните напади, како што се напад на паника, прекумерната изложеност на стрес, неконтролирана анксиозност и депресија може да доведат до абнормална активност на нервниот систем што може да предизвика вртоглавица.

Проблеми со цервикалниот ‘рбет

Проблемите со цервикалниот ‘рбет, вклучувајќи исчашувања, истегнувања, акутни повреди и дегенеративни болести на дискот може да доведат до нарушувања на зглобовите, мускулите и нервите. Ова може да испрати абнормални нервни пораки до центрите за рамнотежа на вашиот мозок за позиционирање, што потоа може да предизвика вртоглавица. Оваа состојба ефикасно се третира со ортопедска физиотерапија.

Мигрена

Мигрената е силна главоболка и чувствителност на светлина и звук за кои се смета дека се поврзани со абнормална нервна активност и проток на крв во главата и мозокот. Повеќето заболени од мигрена велат дека имаат вртоглавица што се јавува заедно со нападите.

Кога мигрената е постојано поврзана со вртоглавица, ова може попрецизно да се дијагностицира како вестибуларна мигрена или вртоглавица поврзана со мигрена.

Хипогликемија

Хипогликемијата е пад на шеќерот во крвта и може да доведе до вртоглавица. Може да се јави кај дијабетичари кои недоволно се придржуваат до терапијата и исхраната. Се јавува и поради прекумерно консумирање алкохол, или поради прекумерно вежбање во комбинација со лоша хидратација и исхрана.

Сериозни причини може да вклучуваат бубрежна инсуфициенција, што доведува до губење на кислород до мозокот или заболување или инфекција на црниот дроб.

Нарушувања на дишењето

Поединци кои имаат различни форми на респираторни заболувања или се во респираторна инсуфициенција може да страдаат од вртоглавица поради недостаток на правилна дистрибуција на кислород низ телото. Меѓутоа, во некои случаи тоа може едноставно да биде поврзано со хипервентилација која пак обично е поврзана со одредени психолошки нарушувања.

Тестовите на крвта, тестовите за сатурација на кислород и тестовите за функцијата на белите дробови најчесто се користат за дијагностицирање на вртоглавица поврзана со нарушување на дишењето.

Пост Ковид-19 синдромот (Long Covid или Long Haulers) сега е додаден на листата на состојби кои можат да доведат до вртоглавица поради ефектите врз функцијата на белите дробови и системот за рамнотежа.