88 годишна баба од Велес станува мета на опасни измамници: „Ќерка ти уби дете, 50.000 евра ќе ја спасат од казни“
Д.Г. (88) од Велес била жртва на телефонска измама, поради која останала без 2.700 евра. Измамниците го „удриле“ детето, а жената не гледала друг излез.
Имено, на 27 август, околу 10 часот наутро, таа добила повик на нејзината фиксна линија од непознато машко лице, кое ја информирало дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила четиригодишно дете.
За да ја „спаси“ од долгогодишни затворски казни, измамникот побарал 50.000 евра.
Жената одговорила дека нема толку пари и дека има околу 2.700 евра , по што добила инструкции да ги достави парите во Скопје, во близина на Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Следејќи ги упатствата, таа пристигнала во болничкиот комплекс околу 11:50 часот наутро на 27 август, оставила кеса со пари во една од кантите за ѓубре, а потоа се вратила со автобус во Велес.
Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија информира дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот и апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви телефонски измами.