Кошаркарот на Мајами хит, Хејвуд Хајсмит се најде во непријатна состојба откако доживеал тешка сообраќајна несреќа.
Имено членот на Мајами не беше во комбинација за синоќешниот натпревар на неговиот тим против Сан Антонио Спарс, а причината е сообраќајната несреќа што ја предизвикал. Удрил во лице кое му помагало на друг возач заглавен на патот.
Локалните медиуми јавуваат дека жртвата е во тешка состојба и се здобила со делумна ампутација на ногата, додека НБА кошаркарот поминал без повреди.
Случајот го потврди и НБА-лигашот Мајами Хит од каде што се огласија со кратко соопштение.
– Известени сме дека Хајсмит доживеа сообраќајна несреќа на пат кон дома. Тој не беше во списокот на дуелот со Сан Антонио поради лични причини. Нашите срце се со оние кои беа повредени. Немаме дополнителен коментар во овој момент, стои во соопштението.
Тамошните медиуми објавија информација дека кошаркарот не бил под дејство на алкохол, наркотици или други психотропни супстанци