Koвачевски: ЕУ прави значајни внатрешни реформи со цел Унијата да може да апсорбира нови земји членки
Премиерот Ковачевски по присуството на Самитот на својот фб профил изјави: Ми беше чест да присуствувам на свечената вечера со лидерите на држави и влади учеснички на третиот самит на Европската политичка заедница, организирана од Кралот на Шпаниja Н.В. Фелипе Шести.
Благодарност за гостопримството и за одличната организација на овој трет Самит, на кој уште еднаш беше нагласена важноста од проширување на Европската Унија.
ЕУ прави значајни внатрешни реформи со цел Унијата да може да апсорбира нови земји членки. Ние со Европа сме поврзани и географски, меѓутоа делиме и заеднички вредности со Европската Унија. Европа покажува дека само заедно и со напорна работа може да се оствари визијата за мир, стабилност, обединетост и просперитет на европскиот континент. Од огромно значење за нас е тоа што проширувањето е високо на агендата на ЕУ.
Ова е нашата историска можност да се приклучиме на големото европско семејство.
Да ја искористиме оваа прилика и да го оствариме долгогодишниот европски сон!
Дискутиравме на многу важни теми на состанокот на Европската политичка заедница, која е од големо значење за нас, но и за целиот Западен Балкан.