„Oвој тунел особено го користел Тито“: Јутјубер од Сплит влегол во тунелите на Вис, погледнете што нашол таму (Видео/Фото)
Во новата епизода од неговите патописи на Јутјуб, авантуристот од Сплит Јурица Галиќ Јука посети неколку објекти изградени од ЈНА за време на Студената војна. Во едно видео тој ги претстави тунелот Јастог и комплексот на командата за атомска војна.
Во видеото, неговиот пријател Никола Војковиќ Роѓо покажа како изгледа тунелот Јастог на островот Вис, кој е изграден во 1982 година и бил засолниште за време на воздушните напади за бродови и подморници. Долг е 127 метри и висок 18 метри. Никола рече дека овој тунел особено го користел Тито за да може незабележано да доаѓа и да си оди од островот Вис.
Сега тоа е само огромен споменик кој стои и потсетува на военото минато. Тунелот Јастог стана една од главните атракции за посета и пливање меѓу морнарите и туристите.
Команда за атомска војна
Потоа Никола го претстави комплексот АРК (Команда за атомска војна).
„Тоа служеше така што врвот на Комунистичката партија на Југославија и нивните семејства ќе се сокријат тука во случај на нуклеарна војна, а во случај на нормална војна, офицерите ќе спроведуваат операции овде за целиот јужен и централен Јадран, внатре има педесет кревети“, објасни тој. Самото засолниште е на длабочина од 50 метри.
„Се сметаше дека може да се преживее директен напад со атомска бомба“, додаде Никола. На видеото е прикажана и просторијата во која Тито требало да спие во случај на атомски напад, а ја прикажува и подземната градинка за деца во која би се криеле во случај на војна. Покрај тоа, во засолништето имало и кујна.
„На крајот дојдовме до она што го прави атомското засолниште атомско засолниште“, рече Никола, покажувајќи кон просторијата каде што се гледа огромен филтер за воздух. „Во случај на пад на атомска бомба, воздухот ќе се филтрира во друга просторија, а потоа во остатокот од засолништето“, објасни тој.